12 лица загинаа во израелското бомбардирање на село во источен Либан

Сподели со своите пријатели

12 лица загинаа во израелското бомбардирање на село во источен Либан.

Селото Машгара во долината Бека беше нападнато доцна синоќа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека одобрил засилени напади врз милитантната група Хезболах низ целиот Либан.

Израелската војска не коментираше за овој конкретен напад, но вчера објави дека целта била инфраструктурата на Хезболах во источен Либан.

Израелски безбедносен службеник, под услов да остане анонимен, изјави дека армијата повикала дополнителен батаљон во Либан.

Спасувачите велат дека десетина тела се извлечени од урнатините откако интензивен бран напади во текот на ноќта погоди големи делови од јужен и источен Либан.