Денеска и утре без струја повеќе делови од Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе делови од Куманово денеска и утре ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 10:00 до 13:00 часот без струја ќе биде дел од улицата „Ленинова“, поточно од градска пивница до улицата „Доне Божинов“:

Утре во период од 08:30 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Србо Томовиќ“.

Во период од 08:30 до 14:00 часот утре без струја ќе биде и дел од улицата „11 Ноември“ пред мостот за населбата Бедиње.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  70-годишен кумановец тешко повреден откако со електричен велосипед удрил во врата од „голф“

Прекини од 08:30 до 14:00 ќе има на улицата „Милан Лисица“:

Од 09:00 до 15:00 часот утре без струја ќе биде и дел од селото Алгуња.

Никола Ивановски