Трамп ги повлече САД од дури 66 меѓународни организации

Сподели со своите пријатели

Во сенка на војната со Иран се случува една од најважните промени во американската надворешна политика во последните децении – оваа година САД се повлекуваат од голем број меѓународни организации и институции.

Тоа е потврда за се поизразениот скептицизам кон мултилатерализмот и глобалната соработка под администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

По повлекувањето на САД од Светската здравствена организација на првиот ден од неговиот втор мандат, Трамп на почетокот на годината потпиша одлука за повлекување на Америка од 66 меѓународни организации и тела, вклучувајќи 31 ентитет поврзани со Обединетите нации и 35 организации надвор од системот на ОН.

Белата куќа соопшти дека многу од тие институции „дејствуваат спротивно на националните интереси, безбедноста, економскиот просперитет или суверенитет на Соединетите Држави“, особено кога станува збор за прашања за глобалната клима, човековите права, родовата еднаквост и развојот.

Реакциите на меѓународната заедница и експертите се различни, но геополитичката порака е јасна, потезите на Вашингтон претставуваат откажување од традиционалната улога на глобален лидер и свртување кон стратегија заснована на геополитичка автономија и создавање на нови билатерални и ад хок сојузи.

Кина меѓу најгласните критичари

Малку светски лидери ја поддржаа оваа одлука, а меѓу најгласните критичари беше Кина, која Трамп ја посети минатата недела.

Директорот на Одделот за информации на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, ги отфрли американските мотиви и ја нагласи важноста на мултилатералните институции за зачувување на глобалната стабилност.

„Суштината на мултилатералните организации е да ги застапуваат заедничките интереси на сите земји, а не да им служат на интересите на една земја. Само ефективен мултилатерален систем може да спречи меѓународниот поредок да стане „закон на џунглата“, во кој правото се заменува со моќта на посилниот“, рече Мао Нинг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куба: САД користат „измислен случај“ како изговор за инвазија

Позицијата на Кина не е само дипломатска порака. Пекинг сè поотворено се обидува да се претстави како заштитник на глобалниот мултилатерализам, најавувајќи поблиска соработка со ОН и другите меѓународни тела, со остри критики на американската политика „Америка на прво место“, која ја гледа како закана за глобалната стабилност.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди на сериозни финансиски и оперативни последици од американскиот пристап, велејќи дека глобалната организација ризикува „финансиски колапс“ поради доцнењето на плаќањата на САД и повлекувањето од клучните институции.

Повеќе од 60 меѓународни граѓански организации испратија отворено писмо против повлекувањето на САД од мултилатералните структури, предупредувајќи дека глобалната соработка во областа на човековите права, демократијата и хуманитарната помош е сериозно загрозена во време на растечки геополитички тензии.

На можните последици предупредуваат и научната заедница, особено експертите за климатски промени.

Според експертот од Стенфорд, Роб Џексон, повлекувањето на САД од телата како Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC) може да ги ослаби глобалните напори за намалување на емисиите и меѓународната соработка за климата, бидејќи им дава на другите земји „изговор да ги одложат сопствените обврски“.

Преобликување на меѓународниот поредок

Одлуката на Вашингтон да се дистанцира од мултилатералните институции не е изолиран потег, туку дел од една поширока геополитичка стратегија.

Според анализата на американскиот истражувачки центар „Брукингс институт“, надворешната политика на Трамп не се обидува само да ги реформира меѓународните институции, туку целосно да го преобликува меѓународниот поредок.

Во анализата објавена во јануари се наведува дека „политичката визија на Трамп не сака да го врати меѓународниот поредок создаден по Втората светска војна, туку да го замени со модел во кој САД немаат ограничувања во користењето на својата економска и воена моќ“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран се заканува дека ќе ги деактивира американските бази во Персискиот залив

Целта е да се создаде систем во кој државите го користат своето влијание директно, билатерално или преку нови форуми, без посредство на традиционални меѓународни организации.

Западните сојузници се повеќе се соочуваат со прашањето за сопствената стратегија: дали да продолжат да се потпираат на американското лидерство или да ги зајакнат сопствените автономни капацитети, без разлика дали преку Европската унија, НАТО или други регионални рамки.

Експертите предупредуваат дека повлекувањето од мултилатералните тела може да ја ослабне способноста за заеднички одговор на глобалните кризи на долг рок.

Според Алисон Ломбардо од Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS) во Вашингтон, борбата против климатските промени, здравствената безбедност и функционирањето на организациите на ОН се најмногу загрозени од овие потези.

Преобликување на меѓународниот поредок

Одлуката на Вашингтон да се дистанцира од мултилатералните институции не е изолиран потег, туку дел од една поширока геополитичка стратегија.

Според анализата на американскиот истражувачки центар „Брукингс институт“, надворешната политика на Трамп не се обидува само да ги реформира меѓународните институции, туку целосно да го преобликува меѓународниот поредок.

Во анализата објавена во јануари се наведува дека „политичката визија на Трамп не сака да го врати меѓународниот поредок создаден по Втората светска војна, туку да го замени со модел во кој САД немаат ограничувања во користењето на својата економска и воена моќ“.

Целта е да се создаде систем во кој државите го користат своето влијание директно, билатерално или преку нови форуми, без посредство на традиционални меѓународни организации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД би можеле да ги обноват нападите врз Иран во следните два дена?

Западните сојузници се повеќе се соочуваат со прашањето за сопствената стратегија: дали да продолжат да се потпираат на американското лидерство или да ги зајакнат сопствените автономни капацитети, без разлика дали преку Европската унија, НАТО или други регионални рамки.

Експертите предупредуваат дека повлекувањето од мултилатералните тела може да ја ослабне способноста за заеднички одговор на глобалните кризи на долг рок.

Според Алисон Ломбардо од Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS) во Вашингтон, борбата против климатските промени, здравствената безбедност и функционирањето на организациите на ОН се најмногу загрозени од овие потези.

Трамп против „глобалистичките агенди“

Аналитичарите на организациите „Хјуман рајтс воч“ и „Амнести интернешенел“ овие потези ги оценуваат како напад врз меѓународниот правен и хуманитарен поредок, наведувајќи дека САД се повлекуваат од институциите кои со децении граделе стандарди за заштита на човековите права.

Директорот на Хјуман Рајтс Воч, Луис Шарбоне, рече дека последиците веќе се чувствуваат.

„Одлуката на САД да се повлечат од голем број тела на Обединетите нации претставува нов удар за заштитата на човековите права и глобалното владеење на правото што Америка помогна да се изгради во изминатите 80 години“, рече тој.

Трамп, сепак, има јасно објаснување за овие потези.

„Ова ќе стави крај на финансирањето и учеството на американските даночни обврзници во тела кои промовираат глобалистички агенди наместо приоритетите на САД, или кои неефикасно и неуспешно решаваат важни прашања. Американските пари може многу подобро да се насочат на други начини за поддршка на релевантните мисии“, рече Трамп.

Американскиот претседател најави дека ова не е крај на повлекувањето и дека пред летото оваа година би можело да следуваат нови одлуки.