Разорен земјотрес во Кина: Се урнаа 13 згради, евакуирани 7.000 луѓе, има мртви и исчезнати (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди во понеделник наутро југозападниот кинески регион Гуангкси, при што загинаа две лица, а повеќе од 7.000 луѓе се евакуирани во градот Лиуџоу.

Спасувачките екипи се уште трагаат по исчезнатите, а властите предупредуваат на можни проблеми во сообраќајот.

Според кинеската државна CCTV и новинската агенција Ксинхуа, потврдени се два смртни случаи, едно лице се уште се води како исчезнато, додека четири лица се пренесени во болница, но никој нема повреди опасни по живот.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Белорусија спроведува обука за употреба на нуклеарно оружје

Во раните утрински часови се урнаа 13 згради, јавија државните медиуми.

Железничките власти предупредија на прекини во сообраќајот поради проверките на безбедноста и стабилноста на железничката инфраструктура по земјотресот.

Комуникациските и електричните мрежи, како и снабдувањето со вода и гас засега функционираат нормално, додека сообраќајот во погодената област постепено се стабилизира, јавуваат кинеските државни медиуми.