Се судрија во воздух: Танцот на воените авиони заврши фатално (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сите четворица членови на екипажот успешно се катапултираа по судирот на два авиони на морнарицата за време на аеромитинг во американската база на воздухопловните сили Маунт дом во државата Ајдахо.

Авионот на американската морнарица EA18-G Growler од 129-та ескадрила за електронски напад се судри на островот Видбеј, Вашингтон, изјавија командантот Амелија Умајам и портпаролката на поморските воздухопловни сили, американската Пацифичка флота.

До судирот дошло кога тие вршеле демонстрации во воздух, пренесува Sky news.

Медицинскиот персонал ги прегледал членовите на екипажот и констатирал дека сите се стабилни, а несреќата е под истрага.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Разорен земјотрес во Кина: Се урнаа 13 згради, евакуирани 7.000 луѓе, има мртви и исчезнати (ВИДЕО)

На теренот нема повредени

Снимките објавени на социјалните мрежи го покажуваат моментот на судирот.

Во следните секунди, се гледа како се отвораат четири падобрани, додека авионот паѓа на земја во близина на базата.

Никој во базата не е повреден, потврди Ким Сајкс, директор за маркетинг на Silver Wings од Ајдахо, кој помогна во планирањето на аеромитингот.

Авио шоуто е по инцидентот.

Организаторите соопштија дека аеромитингот е затворен до попладневните часови, а на терен се и итните служби.

Во меѓувреме пожарот е ставен под контрола, а посетителите можеа безбедно да ја напуштат воздухопловната база.