Две лица биле физички нападнати ноќва на булеварот „Октомвриска револуција“ од повеќе лица кои употребиле и тврди предмети.
– На 17.05.2026 во 02:00 часот во СВР Куманово Д.М. (21) од Куманово пријави дека на булевар „Октомвриска револуција” во Куманово, тој и неговиот пријател Д.Т. биле физички нападнати од повеќе лица кои употребиле и тврди предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

