Од понеделник третмани против глодари и бубашваби во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ги информира граѓаните дека од 18 до 20 мај 2026 година ќе се спроведуваат третмани за дератизација и дезинсекција на канализационата мрежа на територијата на општината.

Активностите ќе се реализираат во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Како што соопштија од Општината, во рамки на првиот пролетен циклус ќе се врши дератизација против глодари, како и третман против бубашваби.

За дератизацијата ќе се користи препаратот „дератион парафинато“, додека за третманот против бубашваби ќе се употребува препаратот „цимина плус“.

Од локалната самоуправа посочуваат дека доколку временските услови не бидат поволни за реализација на предвидените активности, третманите ќе бидат одложени и спроведени во нареден период кога ќе има соодветни услови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Деца од Североистокот се наптреваруваа на Спортските игри за млади во Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски