Триесетгодишник од Куманово бил приведен при обид да изврши кражба од куќа во која влегол со употреба на сила.
– На 14.05.2026 во 13:50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Р.(30) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден со употреба на сила влегол во куќа на улица „Пионерска“ во Куманово и се обидел да изврши кражба, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, С.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

