Ауди излета од автопатот Куманово – Скопје, возачот тешко повреден

Сподели со своите пријатели

Четириесет и тригодишен кумановец се здобил со тешки телесни повреди откако со „ауди“ излетал од автопатот Куманово – Скопје.

– Денеска (14.05.2026) околу 11:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во атар на с.Агино село, кумановско, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(43) од Куманово, излетало од патот и се превртело, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијат,а возачот Г.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Модна ревија“ на учениците во „Перо Наков“ со порака за одржлива мода (ГАЛЕРИЈА)

Никола Ивановски