УХМР со најава за пороен дожд, грмежи и локално невреме

Сподели со своите пријатели

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот.

Сепак, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m 2 ), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град.

Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ауди излета од автопатот Куманово – Скопје, возачот тешко повреден