Двајца лекари ќе се гонат оти не утврдиле насилна смрт кај две жртви на серискиот убиец

Сподели со своите пријатели

Двајца лекари од Куманово ќе се гонат кривично под сомнение дека не констатирале насилна смрт кај две жрви на серискиот убиец од Старо Нагоричане.

– СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе и кривична пријава за сторено кривично дело „несовесно вршење на службата“ против мртвопроверителите М.С. и Д.Д. од „Општа болница“- Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според информации на Кумановски Муабети, едниот лекар бил од кумановската болница, а вториот од Итната медицинска помош.

Лекарите официјално навеле дека две од четири убиени жени, починале од природна смрт и биле погребани без да им се изврши обдукција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Александар Крстевски нов директор на Домот за стари лица „Зафир Сајто“

Откако беа ексхумирани нивните тела било утврдено дека причината за смрт била насилна, а за убиството се гони 26-годишниот Трајко Бојковски.

Од друга страна не била пронајдена одговорност кај полицајците, оти тие постапувале по тврдењата на лекарите.

Нему на терет му се ставаат вкупно четири убиства на и два обиди за убиство на повозрасни жени во неколку села од општината Старо Нагоричане.

Никола Ивановски