Куманово утре ќе биде домаќин на Спортските игри за млади

Сподели со своите пријатели

Куманово утре ќе биде домаќин на спортскиот караван „Денови на спортот“, кој се организира во рамки на Спортските игри за млади.

Големиот спортски настан ќе се одржи на 15 мај, со почеток во 12 часот, во спортската сала во градот.

„Денови на спортот“ се дел од караван кој годинава ќе посети повеќе градови низ државата, со цел преку спортот да се поттикнат здрави животни навики, фер-плеј, другарство и позитивни вредности кај децата и младите.

Спортските игри за млади, кои важат за најголема аматерска спортска манифестација за деца и млади во Европа, за првпат оваа година се организираат и во Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  4 убиства и два обиди извршил серискиот убиец од Старо Нагоричане

Концептот на игрите овозможува бесплатно учество за сите деца.

Организаторите најавуваат ден исполнет со спортски активности, дружење и натпреварувачки дух, каде најмладите ќе имаат можност да бидат дел од голема спортска заедница.

На свеченото отворање е најавено присуство на градоначалникот на Максим Димитриевски, како и на бројни спортисти, претставници на организаторите и гости.

Никола Ивановски