Повеќе делови од Куманово во текот на следните два дена ќе се соочат со привремени прекини во напојувањето со електрича енергија.
Утре во период од 08:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Боро Прцан“, „Сава Ковачевиќ“, „Србо Томовиќ“ „Милан Лисица“, „Осогово“, „Осоговска“, како и дел од улицата „11 Ноември“.
Прекини ќе има и задутре. Така во период од 06:00 до 06:30 без струја ќе бидат населбите Перо Чичо, населбата Карпош и тамошната индустриска зона, дел од улицата „Моша Пијаде“, како и дел од булеварот „Октомвриска револуција“ (спроти Браво кеј).
Во период од 08:30 до 14:30 часот задутре без напојување со електрична енергија ќе биде основното училиште „Христијан Карпош“, но и корисниците од улиците „Милентие Поповиќ“, „Ратко Митровиќ“, „Радоје Димиќ“, „Веселин Маслеша“, „Бранко Радичевиќ“, „30-ти Јули“, „Иво Андриќ“, „Стево Филиповиќ“, „Михајло Пупин“, „Будимир Димковски“, „Руѓер Бошковиќ“ и „Благој Пецкалија“.
Без струја пак денеска во период од 08:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од липковско Отља.
Никола Ивановски

