Неделна прогноза за Куманово: Нестабилно со дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија претпладне променливо облачно време со сончеви, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Денеска во Куманово ќе имаме променливо време, со услови и за сонце, но и за дожд и грмежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  46-годишен кумановец ја нападнал својата мајка

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна ќе достигне 26 степени целзиусови.

Од страна на УХМР за регионот на Куманово за денеска е издадено жолто метео предупредување за засилен ветер.

 

 

И утре низ кумановско ќе имаме променливо време со комбинација од сонце и дожд и грмотевици. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од западен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу шестиот степен, а дневниот максимум ќе достигне 24 степени целзиусови.

Среда носи променливо облачно време, со нешто повеќе услови за сонце. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 6 до максимални 17 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  32-годишник натепал кумановец во угостителски објект

Во четврток ќе имаме исто така променливо облачно време со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 21 степен целзиусов.

 

 

Претежно облачно време со дожд и грмотевици ќе имаме во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 21 степен целзиусов.

Во сабота ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, а температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 22 степени целзиусови. Ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Д-р Аргиров: Не вадете крлежи сами, побарајте лекарска помош (ВИДЕО)

Недела носи облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, а максимумот ќе достигне 16 степени целзиусови.

 

 

Слично време, со нешто повеќе сонце ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски