Приведен 16-годишник од Куманово, крадел од приватен имот

Сподели со своите пријатели

Шеснаесетгодишник од Куманово бил приведен вчера попладне под сомнение дека украл предмети од приватен имот.

– На 06.05.2026 во 13:12 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 16- годишник од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека влегол во приватен имот на ул.„Моша Пијаде“ во Куманово и одзел предмети.

– Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  20-годишник од Куманово ја натепал невенчаната сопруга