Европејците сè помалку им веруваат на САД како партнер

Сподели со своите пријатели

Повеќето граѓани на Европската унија не ги сметаат Соединетите Американски Држави за доверлив партнер, покажува студијата заснована на анкети спроведени во сите 27 земји-членки.

Раководството на Доналд Трамп остава длабоки траги, се вели во анализата на фондацијата Бертелсман.

Повеќе од 18.000 возрасни лица на возраст меѓу 18 и 69 години беа репрезентативно анкетирани во март од страна на истражувачкиот институт Нира Дата.

Според студијата, 58 отсто од граѓаните на ЕУ одговориле дека САД не се доверлив партнер.

Во Германија оваа бројка е уште поголема – дури 73 проценти, изјави авторот на студијата Флоријан Комер за ДПА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес го погоди Иран

Само 31 отсто од испитаниците сметаат дека САД се најважниот партнер на ЕУ.

Во септември 2024 година таа бројка беше 51 процент, што е пад од 20 процентни поени.

Многумина сакаат Европа „да оди по својот пат“

Речиси тројца од четворица испитаници, или 73 отсто од нив, одговориле дека Европа треба „да оди по својот пат“ по децении блиски врски со САД.

На крајот на 2024 година, 63 отсто од испитаниците имале такво мислење.

Фондацијата заклучи дека сегашниот „американски претседател и зголемените геополитички тензии го придвижија јавното мислење во Европа кон поголема независност“.

Во исто време, студијата укажува дека меѓу испитаниците од ЕУ, Кина не добива на значење како потенцијален алтернативен партнер, а скептицизмот кон Пекинг е сè уште голем.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел нареди евакуација на 12 села во јужен Либан

Според студијата, Обединетото Кралство и Канада се сметаат за стратешки партнери кои играат поголема улога.

Поддршката за одбранбената алијанса на НАТО останува силна, а 63 отсто од испитаниците сè уште ја сметаат за централен столб на безбедноста.