САД ги прогласи трансродовите групи за национална закана како картелите и џихадистите

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп усвои нова национална стратегија за борба против тероризмот, во која, покрај нарко-картелите и исламистичките организации, еден од приоритетите е и дејствувањето на насилните левичарски екстремистички групи, вклучувајќи анархистички и антифашистички организации.

Во документот на Белата куќа се наведува дека САД се соочиле со нови категории и комбинации на насилни актери, поради што, како што се посочува, досегашните модели на борба против тероризмот станале недоволни.

Трите главни закани групи се нарко-терористите и транснационалните банди, традиционалните исламистички терористички организации и насилните левичарски екстремисти, меѓу кои особено се споменуваат анархистите и антифашистите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Важна средба во Ватикан: Папата Лав ќе се сретне со десната рака на Трамп

Особено внимание привлече делот од стратегијата во кој се наведува дека американските антитерористички активности ќе бидат насочени кон брзо идентификување и неутрализирање на насилните секуларни политички групи чија идеологија, како што е наведено во документот, е антиамериканска, радикално про-трансродова и анархистичка.

Стратегијата додава дека властите ќе ги користат сите уставно достапни алатки за мапирање на таквите групи, нивното членство и врските со меѓународните организации како Антифа.

Директорот за борба против тероризмот на Белата куќа, Себастијан Горка, рече дека претседателот Трамп го потпишал документот и дека неговиот основен принцип е дека Америка мора да биде заштитена како татковина.

Според него, прв приоритет на стратегијата останува неутрализирање на заканите на западната хемисфера, пред се оневозможување на картелските операции кои се поврзани со шверц на дрога, луѓе и членови на банди во САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп собра деца па им раскажаше за ужасите во Иран: „Право меѓу очите“

Во документот се споменуваат и политички мотивираните убиства на конзервативци и христијани како една од причините за новиот пристап, особено убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк.

Белата куќа го поврзува тој случај со, како што е формулиран во стратегијата, насилен левичарски екстремизам, додека Горка изјави дека стратегијата ќе вклучува и десничарски групи кои поттикнуваат насилство.

Во случајот Кирк, адвокатите на Тајлер Џејмс Робинсон, кој е обвинет за неговото убиство, побараа да се одложи прелиминарното рочиште закажано за мај, велејќи дека им треба повеќе време за да ги анализираат обемните материјални и балистички наоди.

Според судските поднесоци, анализата на Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви не може дефинитивно да го поврзе фрагментот од куршум пронајден за време на обдукцијата со пушката пронајдена во близина на местото на нападот, додека ФБИ спроведува дополнителни истраги.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е кинескиот „убиец на сателити“! Најнапредниот ПВО систем (ВИДЕО)

Робинсон е обвинет за тешко убиство, а обвинителите имаат намера да бараат смртна казна; тој сè уште не се изјаснил, според извештајот на Асошиетед прес.