Напад со дрон врз Днипро: Повредени трудница и маж, избувна пожар во станбена зграда

Сподели со своите пријатели

Во напад со дрон на градот Днипро две лица се повредени, меѓу кои и една трудница, додека избувнал пожар во станбена зграда и причинета е материјална штета, соопштија локалните власти.

Шефот на регионалната управа на Днепропетровск, Александар Гања, на Телеграм изјавил дека во ноќниот напад се повредени 21-годишна трудница и 45-годишен маж, на кои им била укажана лекарска помош на лице место, пренесе Укинформ.

Според неговите изјави, беспилотни летала предизвикале пожар во стан во петкатница, а оштетени се и околните куќи и неколку возила.

Властите не соопштуваат дополнителни детали за обемот на нападот, додека ситуацијата на терен се уште се проценува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: Никогаш немало вистинска денацификација на Германија