Силен земјотрес го погоди Иран

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со магнитуда од 5 степени го погоди западен Иран рано во среда, објави Сеизмолошкиот центар на Универзитетот во Техеран.

Засега нема извештаи за жртви или штети, пишува Анадолија.

Потреси се регистрирани во 00:23 часот по локално време во област во близина на градот Гилан-е Гарб во покраината Керманшах.

Според податоците на сеизмолошкиот центар, земјотресот се случил на длабочина од девет километри.

Иран се наоѓа во многу сеизмички активна област и во последните години доживеал серија разорни земјотреси.

Најкатастрофалниот во поновата историја на земјата се случи во 2013 година, кога земјотрес со магнитуда од 6,7 степени го погоди градот Бам и одзеде најмалку 34.000 животи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Целосен колапс во Куба – нема гориво, струја и лекови: „Во критична состојба сме“

Во јули 2022 година, земјотрес со магнитуда од 6,1 степени ја погоди јужната покраина Хормозган долж брегот на Персискиот Залив, при што загинаа најмалку пет лица, а повеќе од 80 беа повредени.