Малолетник повреден при пад од тераса на Пионерскиот дом

Сподели со своите пријатели

Малолетно момче вчера било повредено при пад од тераса на запуштениот објект на некогашниот Пионерски дом во Куманово.

– На 29.04.2026 околу 21:20 часот во СВР Куманово, лекар од Итна медицинска помош пријави дека кај нив со повреди било донесено малолетно дете, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, тоа со повредите се здобило при пад од тераса во запуштен објект на улицата „Кирил и Методиј“ во Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од полицијата.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска без струја неколку локации низ кумановско