Денеска без струја неколку локации низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Неколку локации низ Куманово и Старо Нагоричане денеска привремено ќе бидат без електрична енергија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи денеска во период од 08:30 до 14:30 часот прекини ќе има на градските гробишта, во селата Четирце и Биљановце, како и населбата Јане Сандански.

Во истиот период без напојување ќе бидат и жителите од улицата „Биљановска“, селото Доброшане, како и тамошната индустриска зона.

Прекини во истиот период ќе има и во селото Пелинце во Општина Старо Нагоричане.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Температурен шок: Утре за 13 степени пониска температура