Температурен шок: Утре за 13 степени пониска температура

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од западен и северозападен правец правец.

Утринската температура ќе се движи околу 8 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 24 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово вечерва го игра последниот меч сезонава

 

 

Утре ќе имаме вистински температурен шок

Во Куманово и околината утре ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.

Максималната температура ќе достигне само 11 степени целзиусови.

Врнежите ќе престанат во текот на ноќта, но температурата ќе се спушти само на два степени позитива.

 

 

Во петок за 1ви Мај ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди, но без дожд.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од севере и североисток, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 2 до максимални 15 степени целзисуови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Познати добитниците на наградите за ФИЛМАЈ 2026 во Куманово

 

 

Во сабота ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.

Утринската температура ќе се движи околу третиот степен, а дневниот максимум ќе изнесува 15 степени целзиусови.

 

 

Во недела исто така ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 4 до максимални 17 степени целзиусови.

 

 

Од понеделник ќе имаме сончево и многу топло време со температури над 20 степени.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре делови на Куманово и Старо Нагоричане