Познати добитниците на наградите за ФИЛМАЈ 2026 во Куманово

Сподели со своите пријатели

Фото-кино клуб “Козјак” oд Куманово соопштува дека се одлучени добитниците на награди за ФИЛМАЈ 2026 фестивалот на краток филм.

Жири членовите Елеонора Венинова (сценаристка и режисерка), Ангела Стојановска (актерка) и Георге Тодриа (режисер) ги одлучија добитниците на награди.

Домашниот филм “Остров” по сценарио и режија на Бранко Костески е Најдобар македонски филм, Балинт Кенјерес е добитник на Награда “Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија за “Претстава”, наградата “Радислав Ристевски” за најдобра кинематографија се доделува на Џанлука Палма за снимање на “Непријател”, авторот на “Мршојадци” Диан Вејс е добитник на Награда “Козјак” за најдобро сценарио, а “Нилски коњи” (по сценарио и режија на Џ.Џ.Лин) е добитник на Награда ФИЛМАЈ за најдобар краток филм

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре делови на Куманово и Старо Нагоричане

Организаторот истакнува дека е убаво тоа што секој од наградените филмови е авторски создаден – под тоа подразбирајќи дека режијата и сценариото се дело на една иста креативна личност.

Дополнително потенцираат дека има и три македонски филмови во официјалната селекција: “Избор” на режисерот Марко Црногорски, “Зајак” на Ханис Багашов (кој е и сценарист и режисер), и “Мала шега” во режија на Трифун Ситниковски.

Останатите осум филма во официјална селекција се: “Добродојдовте дома”, “Норхајмсунд”, “Пес и волк”, “Aгапито”, “Али”, “Којоти”, “Чоколатце” и “Висок напон”.

Осмото издание на ФИЛМАЈ фестивалот ќе се одржи на 27 и 28 мај 2026 (среда и четврток) во Занаетчискиот дом во Куманово. На двете фестивалски вечери, кои ќе започнат во 20 часот ќе бидат прикажани вкупно 16 кратки филма. Влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи, силен ветер и локално невреме

Интегрално соопштение