Триесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчера попладне бидејќи полицијата констатирала дека возел мотоцикл без дозвола.
– На 21.04.2026 во 12:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.С.(34) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле мотоцикл со скопски регистарски ознаки, кој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува без возачка дозвола.
– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.
Никола Ивановски

