Пријавени злоупотреби во Велосипедска федерација на Македонија

Сподели со своите пријатели

Сомнежи за низа кривични дела пријавил во полиција актуелниот претседател на Велосипедската федерација на Македонија, Емил Цветанов од Куманово.

– На 21.04.2026 во 11:30 часот во СВР Куманово, Е.Ц.(45) од Куманово, претседател на Велосипедска федерација на РСМ, пријавил дека од страна на неколку членови од федерацијата биле извршени кривични дела „ фалсификување службена исправа“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „затајување“, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, тие биле отповикани како членови на Управен одбор на федерацијата на седница одржана на 11.03.2026, а после тоа со неовластена употреба на печат на федерацијата, кој бил даден на користење од поранешниот секретар повеле иницијатива за свикување на собрание на Велосипедската федерација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој психички и физички ја малтретирал партнерката

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Никола Ивановски