Вакцините ги штитат сите генерации – апел за поголем опфат на вакцијација во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во рамки на Европската недела на имунизација (19–25 април), денеска на градскиот плоштад во Куманово се одржа настан посветен на подигнување на свеста за значењето на вакцинацијата.

 

 

Медицински лица делеа флаери и ги информираа родителите за придобивките од имунизацијата, додека на децата им беа поделени маички и балони.

 

 

Началникот на превентива при Здравствениот дом Куманово, д-р Валентина Богоевска Димитриевска, истакна дека вакцинацијата е клучна за сите возрасни групи.

„Оваа недела е недела на имунизација од 19-ти до 25-ти април и тоа европска недела на имунизација каде сите додатно нели од она што го работиме секојдневно даваме апел и апелираме колку е важно вакцинирањето на децата и не само на децата туку на сите генерации“, изјави таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец се заканувал на малолетник

 

 

Таа нагласи дека имунизацијата има пошироко значење за целото општество.

„Оваа година мотото на оваа недела на имунизација е вакцините ги заштитуваат сите генерации така да од раѓање до средна доба па и после повозрасните, сите можат да примат вакцини да бидат заштитени“, посочи Богоевска Димитриевска.

 

 

Во текот на неделата, како што информираше, биле спроведени и теренски активности.

„Вчера бевме во ромската населба Средорек каде што опфативме дечиња коишто не се редовно имунизирани наидовме на добар одѕив“, рече таа.

 

 

Според неа, и покрај активностите, кај дел од вакцините опфатот не е на посакуваното ниво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој психички и физички ја малтретирал партнерката

„Малку сме тука со МРП вакцината којашто некако се избегнува меѓутоа ние како медицински лица работиме и на тоа објаснуваме“, додаде Богоевска Димитриевска.

 

 

Од Здравствениот дом Куманово потенцираат дека вакцинацијата е континуиран процес и дека ќе продолжат со активности за едукација и информирање на граѓаните.

Никола Ивановски