Педесет и тригодишен кумановец пријавил дека едно лице се заканувало на неговиот малолетен син.
– На 21.04.2026 во 15:20 часот во СВР Куманово, С.С.(53) од Куманово пријавил дека на ул.„Кирил и Методиј“ во Куманово, Н.Р., со кој претходно имале недоразбирање, се заканувал на неговиот малолетен син, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

