Димитриевски на прием по повод Денот на независноста на Грција (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, заедно со претставници на општинската администрација, вчеравечер присуствуваше на свечен прием организиран по повод Денот на независноста на Грција.

 

 

Настанот се одржа на покана на амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, а на него присуствуваа и бројни претставници од дипломатскиот кор, амбасади, институции, министерства, организации и компании.

 

 

Во своето обраќање, амбасадорката го истакна значењето на одбележувањето на националниот празник, потсетувајќи на историското наследство и вредностите што се темел на демократското општество.

 

 

Свеченоста беше збогатена со пригодна културно-уметничка програма, преку која беше претставено богатото културно наследство создавано низ годините.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре низа локации во Куманово

 

 

Од Општина Куманово потенцираат дека остануваат посветени на унапредување на меѓусебните односи и соработката, со цел градење стабилна и позитивна перспектива и подобра иднина за граѓаните од двете земји.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски