Калас: ЕУ почна да води грижа за непредвидливоста на САД

Сподели со своите пријатели

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека ЕУ почнала да ја зема предвид непредвидливоста на Соединетите Американски Држави, една година откако американскиот претседател Доналд Трамп се врати во Белата куќа.

Секако дека сме американски сојузници, но навистина не ги разбираме нивните неодамнешни потези, рече Каја Калас.

Забележувајќи дека стана јасно дека мора да се смета на непредвидливоста на САД, Каја Калас изјави за Ројтерс:

„Сега сме многу помирни, бидејќи очекуваме постојано да се случуваат непредвидливи работи и, прифаќајќи го тоа, остануваме смирени и фокусирани.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ е блиску до договор за слободна трговија со Австралија

Каја Калас оцени дека е потребно да се најде дипломатски начин за повторно отворање на Ормутскиот теснец за сообраќај.

– Никој не сака да ги загрозува своите луѓе во Ормутскиот теснец. Мораме да најдеме дипломатски начин да го држиме отворен, за да нема криза со храната, ѓубривата, енергијата, рече Каја Калас.