Силен руски напад врз Одеса: Погодени станбени згради, има ранети (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Руските сили извршија напад со дронови врз Одеса и околината синоќа, а украинското Министерство за внатрешни работи објави дека има ранети во нападот и дека може да има луѓе заробени под урнатините.

Информациите за нападот ги потврдија Воената администрација на Одесскиот регион и украинските воздухопловни сили.

 

 

Напад од Црното Море

Според извештаите на Украинска правда, украинското воздухопловство забележало руски беспилотни летала како се приближуваат од областа на Црното Море.

 

 

Најпрво, населбите Билхород-Днистровски, Овидиопол и Мајаки биле под закана, а по два часот наутро, цел на нападот бил самиот град Одеса.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како Русија наоѓа нови војници за војна?

Серхиј Лисак, началник на Воената администрација на градот Одеса, извести за последиците од нападот.

– Во непријателски напад на Одеса, оштетени се инфраструктурен објект, станбени згради и градилиште. Според првичните информации, една жена е повредена и пренесена во болница со рани од шрапнели. Уште една жена беше извлечена од урнатините и нејзиниот живот не е во опасност, рече тој.

 

 

Недолго по првото соопштение, Лисак потврди дека бројот на повредени се искачил на три лица и дека е регистрирана значителна штета на цивилната инфраструктура.

– Оштетени се неколку повеќекатни згради и куќи. Ударите предизвикаа големи пожари. Оштетена е и црковната зграда во центарот на градот и градинката, изјави Лисак.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дмитриев: Повлекувањето од Донбас е патот кон мирот за Украина

 

 

Спасувачката операција е во тек

Лисак додаде дека службите за итни случаи спасиле луѓе заробени во оштетените згради, вклучувајќи едно дете, а многу жители биле евакуирани.

Најкритична ситуација е регистрирана во населбата Хаџибејски, каде што е уништен дел од станбена зграда.

 

 

Спасувачките операции и потрагата по можни жртви под урнатините продолжуваат без прекин.

Во позадина на овој напад, во текот на ноќта, во Киев и неколку други украински области беше прогласена воздушна тревога поради заканата од руски напад со балистички ракети.