Песков: Русија е подготвена да му помогне на Иран на многу начини

Loading...
Сподели со своите пријатели

Русија е подготвена да му помогне на Иран на различни начини поради ескалацијата на Блискиот Исток, а тоа во голема мера зависи од барањата на самиот Техеран, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков за новинарите.

„Сè зависи од тоа што му е потребно на Иран“, изјави портпаролот на Кремљ на прес-конференција, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека Москва понудила свои медијаторски услуги.

„Го изразивме нашиот став, ова е исто така многу важна манифестација, форма на поддршка за иранската страна. Потоа сè ќе зависи од тоа што му е потребно на Иран во овој момент“, рече Песков, според Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иранците им се закануваат на САД: Вие можеби ја започнавте, но ние ќе ја завршиме оваа војна

Рускиот претседател Владимир Путин денес ќе одржи состанок со иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, изјави претходно за новинарите помошникот на Кремљ Јуриј Ушаков.