НАСА: Русија контролира петтина од земјоделското земјиште во Украина

Сподели со своите пријатели

Русија контролира 22 отсто од земјоделското земјиште во Украина, а војната ја загрозува жетвата оваа година, што може дополнително да го влоши снабдувањето со храна во светот, проценуваат истражувачите на НАСА.

Loading...

„Светската корпа за леб е во војна и сега сме на почеток на криза со храна која најверојатно ќе ги погоди сите земји и сите луѓе во светот на еден или друг начин“, рече Инбал Бекер-Решеф, директор на Програмата за жетва на агенцијата.

Сателитските снимки направени на 13 јуни од мисијата Сентинел-2 на Европската вселенска агенција и анализирани од Програмата покажуваат дека 22 отсто од земјоделското земјиште на истокот и југот на Украина е во руски раце, пренесува АФП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жестоки ракетни напади на Одеса и Суми

Според американското Министерство за земјоделство, пред почетокот на руската офанзива на 24 февруари, Украина обезбедувала 46 отсто од светските потреби за сончогледово масло, девет отсто за пченица, 17 отсто за јачмен и 12 отсто за пченка.

Поморска блокада

Периодот од јули до октомври е особено важен за украинските земјоделци кои берат зимски зрна, како и оние што се сеат во пролет. До ноември мора да се посеат зимските житни култури кои ќе се соберат следната година.

Но, селаните веќе не знаат како да постапат пред наглото поскапување на горивото и вештачките ѓубрива и можното бомбардирање на нивите.

Според проценката на главното здружение на украинските производители и извозници, жетвата на пченица би можела да биде за 40 отсто помала, а на пченката 30 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: Одлуката на САД е многу добра вест за Украинците, се надевам дека членките на ЕУ ќе ја следат

Покрај тоа, Украина е изложена на руската поморска блокада и не може да извезува посеви по море, предупредува Сергеј Скакун, истражувач во НАСА и Универзитетот во Мериленд.

Loading...

Затворањето на Азовското Море и блокадата на пристаништата на Црното Море во Украина ги оставија пазарите без повеќе од 25 милиони тони жито, поттикнувајќи раст на цените и заканувајќи им се на милиони луѓе ширум светот со глад.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.