Куманово добива современо противпожарно возило со 32-метарска скала (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово наскоро ќе располага со ново современо противпожарно возило со корпа и хидраулична скала висока 32 метри, кое ќе ги зголеми капацитетите на Територијалната противпожарна единица.

 

 

Тројца припадници на кумановската ТППЕ во моментов престојуваат на шестдневна обука во Австрија (Ватенс и Тирол) и Хрватска (Вуковар), каде што се запознаваат со спецификациите и функционалностите на возилото.

 

 

По завршувањето на обуката, возилото ќе биде ставено во функција и ќе биде подготвено за брза и ефикасна интервенција при пожари и други вонредни ситуации.

„Како градоначалник останувам посветен на унапредување на безбедноста во нашиот град и на обезбедување подобри услови за работа на пожарникарите, кои се секогаш на првата линија во заштита на човечки животи и имот“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дел од кумановските села од вторник се без струја. Паднати над 100 електрични столбови (ВИДЕО)

 

 

Станува збор за донација, која кумановската противпожарна служба ќе ја добие од австриската покраина Тирол.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски