ЕУ: Русија незаконски регрутира граѓани на Крим и Севастопол

Сподели со своите пријатели

ЕУ оценува дека регрутирањето што го иницира Руската Федерација за потребите на нејзините воени сили на Крим и Севастопол е незаконско и спротивно на меѓународното хуманитарно право.

Loading...

 

Украинците ја потиснуваат руската војска северно од Киев, тврди Украина

 

„Регрутирањето на сите квалификувани мажи, вклучително и кримските Татари, во незаконски анектираниот Крим е особено цинично, бидејќи тие беа принудени директно да се вклучат во војната на Русија против Украина“, се вели во соопштението на Европската служба за надворешни работи.

 

 

Украина: Русија остана без 17.700 војници во инвазијата

Loading...

 

Како што јави Танјуг, Брисел повторува дека ЕУ не ја признава и нема да ја признае нелегалната анексија на Крим и градот Севастопол и ја повикува Русија веднаш да ја запре воената агресија и безусловно да ги повлече сите сили и воена опрема од територијата на Украина. .