Тула е град во Русија, кој се наоѓа на околу 190 километри од Москва, а во текот на снежните месеци неговите жители „војуваат“ битка со снег, мраз и друга зимска „магија“.
Loading...
На видеото се гледаат луѓе кои чекаат превоз на станицата 129 на авенијата Ленин (како што е напишано во описот под видеото), а потоа можете да видите трамвај кој го чисти снегот од шините додека се обидува да помине и каде буквално ги тушира минувачите – со валкан снег.
Наводно, ситуацијата ја коментирале и градските власти на Тула, а компанијата која се занимава со чистење им се извинила на своите сограѓани.
На крајот на краиштата, погледнете сами и видете како поминаа Русите.