Џесика Алвес (37) летово имала операција со која и биле отстранети 75% од стомакот, откако се здебелила и вагата и покажала дека има 101 килограм.
Се здебелила, вели, за време на карантин, а лекарите и рекле дека е дебела и дека итно треба да ослабе.
View this post on Instagram
– Ќе ми останат само 25 проценти од стомакот, се надевам дека после тоа ќе ослабам. Навистина драстично се здебелив – обично имам околу 65 килограми. Огромна сум, но тоа добро го кријам на сликите – рекла таа.
А Џесика навистина ослабела, што го покажа со најновиот сет фотографии.
View this post on Instagram
Џесика зад себе има повеќе од 100 операции, а иако целосно го деформирала лицето, вели дека не планира да престане додека не биде „целосно пластична“.
Џесика Алвес, некогаш Родриго, е добро познато име за сите заинтересирани за естетска хирургија. Откако се обиде да стане човечки Кен, таа се префрли на обидот да стане Барбика.
View this post on Instagram
Џесика направила и операција за промена на полот, а сега е во нов процес, историски на полето на медицината, бидејќи сака да и биде пресадена матка.
„Сакам да бидам првата транс личност на која ќе му биде трансплантирана матка. Сакам да бидам мајка”, изјавила Џесика неодамна.
View this post on Instagram
Сепак, лекарите ја предупредиле дека оваа процедура не само што има огромни шанси да биде неуспешна, туку може да биде и ризична за животот.
Џесика признала дека не може да дише низ нејзиниот нос, кој поради операциите станал претесен и прекраток, а веќе не може ниту да трепка, па луѓето и велат да ги прекине операциите и дека кадрите и сликите што ги прикачува се страшни, не заводливи, но нагласува дека не е ни блиску до крајот на процедурите.
View this post on Instagram