БАЛИ: Ако немаш маска, легни на земја и почни да броиш… (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како полицијата во Бали наводно казнува секој што ќе го фати како не носи заштитна маска.

На фотографиите се прикажани луѓе на патот до полицаец и како за казна прават склекови!

Поради безбедноста од коронавирусот, богаташите бегаат во оваа земја и бараат бункери

Оваа вест не е потврдена како официјална, но има се повеќе и повеќе слики и снимки на социјалните мрежи од оние кои за казна мора да практикуваат вежба, иако никаде не пишува колку склекови е потребно да се направат.

Поглаварот на селото Интарану, каде наводно бил забележан ваков вид казна, изјавил за локалните медиуми дека на лицата кои не носат маски ќе им биде забранет влез во селото и оние што ги кршат правилата ќе бидат принудени да прават социјално корисна работа и да платат казна од 5 килограми ориз.

Зошто мажите повеќе умираат од коронавирус од жените?

Носењето маски за да се запре ширењето на коронавирусот е задолжително на јавно место во Индонезија, а Бали е едно од најранливите места, бидејќи најмногу се потпира на туристичката индустрија.

Минатата недела Индонезија објави дека ги прекинува сите летови до јуни за да се спречи ширењето на короната.

https://www.instagram.com/p/B_ghuAnFy0d/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply