Во Исланд претежно е студено, но можете да се „препотите“ при погледот на хотелската или сметката во ресторан. Поголемиот дел од работите се многу поскапи од било каде во Европа.
На овој остров цените се во просек 56 отсто поскапи од останатиот дел на европскиот континент, што Исланд ја прави најскапата земја, пред Швајцарија, Норевешка и Данска, покажуваат податоците на Евростат.
Влезете во најскапата куќа во Европа (фото+видео)
За да избегне незгодни прашања, американскиот турист Квинт Џонсон малку истражувал пред со семејството да се упати недела дена на одмор во Исланд.
– Сеедно бев помалку шокиран од цените на хамбургер, пиво и помфрит, рекол тој за АФП.
Погледот на менито во типичен исландски ресторан ќе ви открие дека обични пијалаци чинат 17 евра, чаша вино најмалку 10 евра, а мало пиво се продава по цена од седум евра.
Бугарија и Турција најевтини семејни дестинации за летен одмор
– Тоа е многу повеќе од она на што јас сум навикнат, рекол Џонсон.
Но, не е така само во рестораните, имено, пакување од десет јајца во маркет чини пет евра.
Исланд, земја со 355.000 жители, зависна е од увозот на намирници, а и даноците на алкохол се многу високи. Тоа е една од причините за високите цени. И големите флуктуации на исландската круна во 2016 и 2017 година довеле до општо пораст на цените.
Ова е најскапиот галеб во светот (ФОТО)
Конрад Гудјонсон, главен економист на Исландската стопанска комора, укажува на силна врска меѓу скапотијата и животниот стандард, а Исланѓаните во просек добро живеат.
Минатата година просечната месечна плата пред оданочувањето изнесувала преку четири илјади евра.
Иако цените на туристите се шокантни, домашните имаат плати на кои им парираат. По предвидувањата на централната банка, за Исланд следуваат тешки времиња. Економијата оваа година ќе стагнира, прв пат по 10 години. Делумна причина за тоа лежи во порастот на исландската нискотарифна авио компанија „WOW Aira“ што довело до пад на туристите.
НАЈСКАПОТО ЧОКОЛАДО ВО СВЕТОТ: Едно парче чини цело богатство
Се забрзала и инфлацијата која во првиот кварт годинава досега 3,1 отсто, што на сите им ја намалува куповната моќ, рекол Гудјонсон.
Добрата вест е во тоа што заканувачката рецесија требало да ги урне цените за домување, кои последните години летнале до небото. Постоечката просечна месечна кирија за еднособен стан во центарот на Рејкјавик изнесува околу 1.500 евра.