Бугарија и Турција најевтини семејни дестинации за летен одмор

Сподели со своите пријатели

„Post Office Travel Money“ секоја година ги споредува цените од одмори во различни места, а сега ги споредија цените за престој во 15 најпосетувани европски одморалишта.

Loading...

Според овој извештај, најголем трошок за родителите на одморот се храна и пијалаци, а најевтина дестинација за тоа е Сончев Брег во Бугарија, каде цените се за 14 отсто пониски од минатото лето.

Post Office Travel Money пишува дека четиричлено семејство за 35 евра тука може да јаде, да испие пијалак, кафе, чаша пиво, вино или некој сок. За споредба, истото, само без кафе и пиво, во Мармарис, Турција чини околу 47 евра.

Овој извештај покажува дека цените на Ибица, Задар, Ница и Соренто се и до три пати повисоки.

Она што во Бугарија можете да го добиете за 35 евра, на Ибица чини околу 107, исто толку и во Задар, додека во италијанскиот Соренто дури 144 евра.

Голем пад на цените, поевтино за една третина во однос на лани, забележана е во Алгарве во Португалија, па тоа сега е една од најевтините семејни дестинации.

Коста дел Сол е наевтиното одморалиште во Шпанија, но сепак за околу 30 отсто поскапо од Алгарве.

Кога станува збор за забавата во вода и цените за плажен мобилијар, најевтин е турски Мармарис – околу 38 евра чинат вкупно десет работи на плажа, вклучително играчки за играње во песок, репелент, сладолед, лежалка и чадор, маска за нуркање, крема за заштита од сонце, педалина. Цените исклучително се намелни и во Соренто за 12 отсто се пониски во однос на минатата година и сега тоа чини 103 евра, додека на Ибица се намалени за 17 отсто и цената е иста како во Соренто.

Loading...

Image by Christo Anestev from Pixabay

Најскапата забава е на плажите во Ница, каде такво задоволство ќе ве чини 117 евра.

Сепак, Post Office Travel Money истакнува дека најголем раст на цените во однос на минатата година е забележан во Грција и Хрватска.

– Семејство кое ќе го посети Крит ќе плати 13 отсто повеќе од минатата година – скоро 81 евро, а во Пореч за овие 10 работи на плажата ќе пали 82 евра, односно 11 отсто повеќе од лани, пишува во извештајот.

Image by Ben Kerckx from Pixabay

Leave a Reply