94 казни за неносење маска вчера во Куманово, едно прекршување на полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Вкупно 94 лица вчера биле казнети во Куманово поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (12.04/13.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 121 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најголем дел се во Куманово 94, во Крива Паланка 14 и во Кратово 13.

За нив, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период едно лице во Куманово не ја почитувало забраната за движење и ќе биде соодветно санкционирано.

Никола Ивановски

Leave a Reply