89 кумановци исклучени од сообраќај изминатата недела

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (11.11-18.11.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 21 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Loading...

Како што информираат од СВР Куманово,  од сообраќај во наведениот период се исклучени 89 возачи

Од исклучените, 51 возач кои управувале под дејство на алохол и 38 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Од сообраќај се исклучени 23 возила бидејќи биле нерегистрирани и четири технички неисправни. Санкционирани се 13 возачи поради некористење сигурносен појас, осум возачи поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило, три возачи поради непрописно престројување, седум возачи поради неправилно престигнување и еден поради недавање првенство на минување – стои во соопштението на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Во текот на изминатата недела издадени се 304 мандантни платни налози, 122 прекршочни платни налози и 67 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Leave a Reply