8 литри дожд наврнале во Куманово изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Осум литри дожд на метар квадрате наврнале во Куманово во текот на изминатото деноноќие, додека најмалку односно 3 литри наврнале во Тетово, а дури 23 во Берово.

Времето утрово е претежно облачно, во крајните западни делови има повремени врнежи од дожд.

Во текот на денот ќе имаме променливо облачно време, ана повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и југозападните делови, каде се очекува да наврне и поголема количина на воден талог. Максимална температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална дневна температура од 28 степени.

Утре и во сабота условите за нестабилност ќе се намалат и во поголем дел од земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи.

Leave a Reply