78 години од цртаниот филм „Том и Џери“

Сподели со своите пријатели

Скоро и да нема некој кој не го гледал цртаниот филм „Том и Џери“ барем еднаш во животот.

Loading...

Вечното ривалство на мачката и глушецот го одбележа детството на многумина, а денес „Том и Џери“ го слават својот 78 роденден.

Веројатно во светот не постои љубител на цртани филмови кој не слушнал за „Том и Џери“!

Славните мачка и глушец останаа до ден денес вистински вистинско олицетворение на врската помеѓу овие два вида животни, а нивните лудории обележаа многу детства.

Вилијам Хан и Јозеф Барбера беа првите сценаристи и режисери на овој анимиран филм чија прва серија се емитуваше помеѓу 1940-1952 година, а овој популарен цртан филм сè уште се прикажува и денес.

Иако се само навидум стари, тие секогаш ќе останат млади и добредојдени гости во домовите на оние што ги паметат, бидејќи денешните деца растат со други анимирани ликови.

Leave a Reply