63 санкции за возење под дејство на алкохол на територија на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Шеесет и три лица во Куманово вчеравечер добиле казни бидејќи пијани седнале зад воланот.

Loading...

– На 26.06.2021 во периодот од 20 до 02 часот СВР Куманово спроведе акциска контрола во областа на сообраќајот, при што е констатирано дека 63 возачи управувале возило под дејство на алкохол, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

За сите прекршоци, појаснуваат од полицијата, изречени се соодветни санкции.

Како што додават од кумановската полиција, засилените контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбeдноста во сообраќајот, стои во соопштението.

Никола Ивановски

Leave a Reply