62 возачи казнети за брзо возење во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 62 возачи во Куманово биле казнети во текот на вчерашниот ден поради возење со брзина над дозволената.

Loading...

– Во текот на вчерашниот ден (07.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 448 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, од вкупниот број казнети возачи, 12 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Штип – 82, а потоа на територија на СВР Куманово – 62, на територија на СВР Охрид – 57…

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.

Никола Ивановски

Leave a Reply