603 лица загинаа во поплавите во Нигерија од почетокот на годината

Сподели со своите пријатели

603 лица загинаа во поплавите во Нигерија оваа година, додека повеќе од 1,3 милиони се раселени, соопшти Министерството за кризни состојби на земјата.

Loading...

Најмалку 340.000 хектари обработливо земјиште се поплавени, што ја влошува и онака лошата состојба со храната, пренесува АП.

Вооружените конфликти веќе го загрозија производството во северозападните и централните региони, кои произведуваат најголем дел од храната во Нигерија.

Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари апелираше до сите „да работат на враќање на нормалноста“, се вели во соопштението објавено од претседателството.

Надлежните посочуваат дека годинешните поплави се најлошите во последните неколку децении.

Поплавите ја влошија хуманитарната криза во Нигерија, каде што повеќе од три милиони луѓе веќе се раселени поради вооружени конфликти, особено во проблематичниот северен регион, наведува американската агенција.