6 возачи од Куманово казнети поради недавање првенство на пешаци

Сподели со своите пријатели

Шестмина возачи од Куманово во текот на вчерашниот ден биле казнети бидејќи не дале предност на минување на пешаци на пешачки премин.

Loading...

– На подрачјето на СВР  Куманово во текот на вчерашниот ден (07.04.2022) од 07.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачите кои не даваат првенство на минување на пешаците на пешачки премин, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При контролата констатирани се 9 прекршоци од кои 6 на подрачје  на  Куманово и 3 во Крива Паланка.

На возачите им биле изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидени глоби.

Никола Ивановски