54 кумановци казнети за неносење маска изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Педесет и четири лица од Куманово вчера заработиле казнен налог поради непочитување на одредбата за задолжително носење заштитна маска.

Loading...

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (10.01/11.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 67 лица не ја почитувалe, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од вкупната бројка издадени казнени налози, најмногу има во Куманово 54 во Крива Паланка 8 и во Кратово 5.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, за истите ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply