51-годишен кумановец физички ја нападнал својата мајка

Сподели со своите пријатели

Педесет и едногодишен кумановец бил приведен викендов откако во семејниот дом физички ја нападнал својата мајка.

Loading...

– На 26.11.2023 во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.К.(51) од Куманово затоа што во семејниот дом во Куманово физички ја нападнал неговата мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставата „Младиот чорбаџија“ во понеделник во Куманово