48 санкционирани возачи во Липково

Сподели со своите пријатели

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово денеска (24.01.2021) спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на територија на општина Липково, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Санкционирани се 48 возачи, од кои 35 за возење со брзина над дозволената, а пет за возење без возачка дозвола.

– Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата, стои во соопштението од МВР.

Никола Ивановски

Leave a Reply